Во Русија изолацијата на заразено лице намалена на седум дена

Од:

Во Русија изолацијата на новозаразените со коронавирусот ќе биде скратена од 14 на седум дена, соопштија тамошните власти поради наглото зголемување на бројот на заразени со сојот Омикрон.

Руската вицепремиерка Татјана Голикова, која е на чело на кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот, рече дека здравствените работници ги оптимизираат мерките за карантин и тестирање, вклучително и скратување на изолацијата на седум дена.

Таа додаде дека во наредните денови ќе бидат донесени уште некои одлуки, без да објасни за што се работи.Бројот на заразени лица во текот на денот во Русија е двојно зголемен во текот на изминатата недела, од над 15.000 на 10 јануари на 31.252 случаи денеска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски