Израелско-палестинските преговори би можеле да се обноват идната недела

Од:

Првите разговори меѓу израелските и палестинските преговарачи би можеле да почнат веќе идната недела во Вашингтон, изјави израелскиот министер Силван Шалон.

Тој потврди дека во Ерихон, на Западниот Брег, се сретнал и разговарал со главниот палестински преговарач Саеб Ерекат.

– Се надевам дека разговорите може да започнат уште идниот вторник. Сакаме и се надеваме дека ќе се покрене целиот преговарачки процес, изјави во Тел Авив министерот Шалон.

Неговата изјава, меѓутоа, не е официјално потврдена ниту од израелска, а ниту од палестинска страна.

Портпаролот на премиерот Бенјамин Нетанијаху изјави дека знае за изјавата на министерот, но дека засега не може да ја потврди.

Еден палестински висок функционер, потврди дека се подготвува патување на палестинска делегација во САД, во недела или во понеделник, но ни тој не може да потврди дека разговорите ке почнат.

Палестинската страна се уште ги испитува параметрите за разговорите, како и определеноста на Израел за ослободување на затворениците Палестинци кои се во изралските затвори.

Палестинците бараат и од САД писмена потврда дека Вашингтон е цврсто посветен на почитувањето на границите од пред јуни 1967 година. По последната рунда разговори на Блискиот Исток, со двете страни, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека се надева оти разговорите може да се обноват во период од една недела.

Доколку навистина Израелците и Палестинците однови почнат да разговарат за целиот мировен комплекс,тоа ке биде по пауза од безмалку три години. Во Тел Авив е соопштено дека главен прегиварач од израелската страна ќе биде министерот за правда, Ципи Ливни.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег