Поранешната прва дама на Чешка ќе стане амбасадор во Словачка

Од:

Ливија Клаусова, сопруга на поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус ќе биде именувана за нов амбасадор на Чешка во Словачка, потврди шефот на Меѓународниот оддел на Канцеларијата на претседателот на Републиката, Хинек Кмоничек.

Претседателот Милош Земан, со својот потпис го одобри предлогот на министерот за надворешни работи Јан Кохоут, за пополнување на 15 амбасадорски места, јави дописникот на МИА од Прага.

Претходно, името на поранешната прва дама беше „спорно“ за поранешниот шеф на дипломатијата Карел Шварценберг, кој не се согласуваше со предлогот на Земан.

Клаусова, која е родена во Словачка, отворено го поддржа Земан во претседателската кампања кога ривал му беше токму Шварценберг. Чешкиот претседател Вацлав Клаус, по завршувањето на вториот петгодишен мандат, во март годинава, кариерата ја продолжи како соработник на угледниот американски Институт „Кејто“, а честопати се јавува со свои ставови преку новоформираниот Институт кој го носи неговото име.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица