Италијанската полиција утрово презеде две големи операции против мафијата во Рим и во Калабрија.
Портпаролот на полицијата истакна дека во операцијата во Рим учествуваат околу 500 полицајци, хеликоптер, полициски кучиња и патроли на морската полиција.
Втората операција е насочена против членови на Ндрангета, меѓу кои бизнисмени, политичари и адвокати од реонот Катанџаро, јужна Калабрија.
Издадени се наредби и за апсење на педесетина луѓе.