СДСМ: Арсовска со нејзиното неработење нанесува штета на скопјани и Скопје

Од:

„Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата за граѓаните и за Градот Скопје. Прекинувањето на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој е нејзината прва штетна одлука“, соопшти СДСМ.

„Годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.

Во само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнавач кој не е компетентен за функцијата.

Арсовска одби финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје.

Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.

Наместо проекти, решавање на проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација на Градот и оправдувања за нејзиното неработење“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он