Баербок: Русија ќе сноси последици ако ја нападне Украина

Од:

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска изјави дека тензиите со Русија би можеле да се решат со дипломатија, но предупреди дека Москва ќе сноси последици ако ја нападне Украина.

– Секој понатамошен агресивен чин ќе има висока цена за Русија, економски, стратешки, политички. Дипломатијата е единствен начин, истакна Баербок на заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот колега Дмитар Кулеба.

Украинскиот министер за надворешни работи истакна дека Украина и Германија се обединети за заживување на мировните преговори за ставање крај на војната во источниот дел на Украина.

Баербок од Киев ќе отпатува за Москва.

Разговорите помеѓу Москва и западните држави за распоредувањето на десетици илјади руски војници долж украинската граница завршија минатата недела без да биде постигнат напредок. Кибернападот врз Украина дополнително ги зголеми тензиите.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Пропадна мировниот договор, Зеленски го отфрли клучниот услов на Трамп

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Зеленски: Русија краде кинеска технологија за смртоносни дронови

Захарова ја обвини Германија за русофобија

ISW: Русија е спремна да започне нова агресија

Кримските Татари тврдат: Ќе се спротивставиме на меѓународното признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски