Хорор филмот „Манијак“ забранет за прикажување во Нов Зеланд

Од:

Хорор филмот „Манијак“ е забранет за јавно прикажување во Нов Зеланд, што е прв ваков случај по подолго време во оваа земја. Комисијата за преглед на филмовите во образложението за забраната вели дека филмот е препол со „исклучително насилна содржина“ и со „содржина која длабоко вознемирува“.

Филмот кој е римејк на филмско остварување од 1980 година, ќе може да се прикажува само по еднаш на фестивалите во Окланд и во Велингтон, кои се одржуваат на крајот од овој месец. Забранета е јавната дистрибуција и продажбата на ДВД со овој филм.

Главната улога во „Манијак“ ја игра младиот Илаја Вуд, познат по својата улога во филмот „Хобит“ како и во филмовите „Господарот на прстените“.

Претставник на дистрибутерската компанија изјави за локалните медиуми дека забраната на филм, во денешно време, претставува „навреда на интелигенцијата на возрасните гледачи“.

Филмските критичари немаат високо мислење за „Манијак“, додека еден американски рецензент има напишано оти станува збор за „садистички филм“, во кој најмногу од се има крв.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ