Кинеските власти апелираат граѓаните да не порачуваа т артикли од странство, бидејќи претпоставуваат дека сојот Омикрон откриен во Пекинг за време на викендот, пристигнал со меѓународна пратка од Канада.
Пациентот признал дека на 11 јануари примил пакет испратен на 7 јануари од Канада. Членовите на семејството на пациентот, курирот и други над 60 лица, кои имале блиски контакти се во карантин, а тестирани се над 16.000 луѓе во квартот каде е откриен сојот Омикрон.
Во неколку кинески провинции има жаришта на Ковид-19, пред се поради сојот Омикрон.
Извор: МИА