Грција го усвои последниот дел од пакетот закони, што и беа барани од кредиторите

Од:

Грција денеска го усвои последниот дел од пакетот закони, на кои инсистираат меѓународните кредитори на земјата за да продолжат и натаму да и даваат финансиска помош.

Како што пренесуваат британските медиуми, пратениците се собраа за време на летниот одмор на парламентот, за да го донесат новиот даночен кодекс и да ги прецизираат последните детали од таканаречената шема на мобилност, што предвидува преместување и намалување на бројот на државни службеници.

Прифаќањето на законите ќе одблокира уште една транша од 5,8 милијарди евра од спасувачката помош од еврозоната, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.


Се очекува Атина од понеделник да почне да ги добива средствата. Тие се во износ од 2,5 милијарди евра од Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФФС), 1,5 милијарда евра од еврозоната и други 1,8 милијарда евра од ММФ.


Ако Атина продолжи да ги применува реформите, во октомври еврозоната ќе и префрли уште милијарда евра.


Тројката меѓународни кредитори ќе се врати во Атина во текот на есента, за да утврди дали на владата треба да и наметне други мерки за штедење, за да ги исполни буџетските цели за 2015-2016 година.


Премиерот Андонис Самарас и неговиот единствен останат коалициски партнер, Евангелос Венизелос од ПАСОК, ја исключија можноста од ново затегнување на ремените – позиција што го крие потенцијалот за судир со кредиторите, забележуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица