Собраниска седница за избор на нова Влада

Од:

Предлогот за новиот владин кабинет кој го достави мандатарот Димитар Ковачевски во следните два дена ќе биде пред пратениците во македонското собрание. Почетокот на седницата е закажан за 11 часот денеска.

За избор на владата треба да гласа најмајку 61 пратеник. Собраниската седница трае најмногу два дена, на крајот на вториот, или според распоредот во случајот, утре пред полноќ треба да се одржи гласањето.

Мандатарот на почетокот од седицата пред пратениците ќе го образложи предлогот. Во новата влада на Ковачевски ќе има 21 министер од кои 12 се на СДСМ и на коалицијата, шест како и досега на ДУИ и Алтернатива која се приклучи на Владата за да го засили мнозинството ќе има тројца министри.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он