Двајца млади алпинисти, Шпанец и девојка од Источна Европа, се пронајдени измрзнати до смрт на планинскиот масив Монблан.
Телата на алпинистите се пронајдени во близина на италијанско-француската граница на 4.400 метри надморска височина.
Тие биле дел од група од четворица алпинисти, кои тргнале во петокот, но биле зафатени од бура. Двајца од нив успеале да се симнат во долината и да побараат помош.
Телата на алпинистите се пронајдени доцна синоќа од екипи на француските и италијанските планински спасувачки екипи од Вале д’Аоста и Шамони.