Морисон: Австралијците жртвуваа многу за време на пандемијата, со право очекуваат дека ќе бидат заштитени

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон ги коментираше последните случувања во врска со Новак Ѓоковиќ, откако австралискиот министер за имиграција Алекс Хок го искористи своето дискреционо право и му ја поништи визата на најдобриот светски тенисер.

„Разбирам дека по внимателно разгледување, визата на Ѓоковиќ беше укината врз основа на заштитата на јавното здравје и добриот ред“, рече Морисон.

„Австралијците претрпеа многу жртви за време на оваа пандемија и со право очекуваат дека резултатите од нивното жртвување ќе бидат заштитени. Тоа го направи министерот со преземањето на оваа акција“, изјави австралискиот премиер, цитиран од Би-Би-Си.

Ѓоковиќ има право на жалба на одлуката, а постои можност неговите адвокати да побараат скратено рочиште за постапката да биде завршена до недела, со оглед на тоа што Австралија опен започнува во понеделник на 17 јануари. Портпаролот на Федералниот окружен суд вели дека тие се „во приправност“ во случај на правно оспорување на одлуката, но дека досега не е поднесена жалба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров