Шведската премиерка Магдалена Андерсон е позитивна на коронавирус, изјави денеска нејзиниот портпарол.
„Премиерката ги следи актуелните препораки и должноста ќе ја врши од дома. Таа се чувствува добро, со оглед на ситуацијата“, рече тој.
Андерсон е една од неколкуте членови на Социјалдемократската партија заразени со ковид по дебата во парламентот претходно оваа недела, додека кралот, кралицата и принцезата на Шведска се заразиле на почетокот на овој месец, според Ројтерс.