Нејзиното име е вткаено во откривањето на структурите на молекулите на животот, најголемото во биологијата на 20-от век. Но, Росалинд Франклин- трагичната научна хероина, починала во 38-та година од животот, не дочекувајќи ја славата и признанијата на нејзините машки колеги Џејмс Ватсон, Францис Крик и Морис Вилкинс, кои во 1962-та година за откривање на структурата на ДНК-молекулата добиле нобелова награда.
Заборавена после смртта, Росалинд Франклин подоцна стана икона на феминистичкото движење и за неа се напишани неколку книги.
Неодамна, сепак, во Велика Британија е објавена книгата „Мојата сестра Росалинд Франклин“, од перото на нејзината помлада сестра, британската историчарка и публицискта Џенифер Глин.
„Симпатии и феминизам- испреплетени се така да Росалинд се претставува како обесправената научничка, брилијантна, но занемарена хероина, која инспирирала многу нови генерации на девојки во науката. Нејзината прерана смрт беше голем губиток за науката, а трагедија за нашето семејство“, пишува Глин, која во својата книга објави досега непознати семејни писма и фотографии на својата сестра.
Росалин Франклин (1920- 1958) е родена како едно од петте деца во семејството на богатите и угледни лондонски евреи. Девет години помладата сестра Џенифер, на својата сестра се сеќава како на интелигентна девојка, која наместо игра со кукли преферирала читање, фотографирање, цртање и изработка на предмети. Подоцна тој талент го искористиле за изработка на сопствени молекуларни модели и опреми.
Кога имала 15 години одлучила да стане научник, но кога во 1938-та година го положила приемниот испит на Кембриџ, дошло до семејна кавга. Нејзиниот татко Елис, во јавноста познат како голем добротворец, не бил приврзаник на женска еманципација, па првин одбил да ја плати школарнината на неговата ќерка. Но, семејството успеало некако да го предомисли.
Росалинд не се предавала, па во 1941-та година дипломирала, а потоа во 1945-та година докторирала физикална хемија. Тогаш почнала да се знимава со рендгенска кристалографија на големите биолошки молекули, а во 1947-та година заминала за Париз, град кој неразделно врзува и друга научна хероина, Марија Склодовска-Кири. Трите паришки години биле среќно раздобје во животот и работата на Росалинд Франклин, која дури и размислувала да остане да живее во Франција.
Но, слушајќи го професионалниот совет на колешката, подоцна нобеловка Дороти Ходгкин, за научните перспективи на Англија, кои се подобри од во Франција, но и под притисок на семејството, Росалинд Франклин во 1950-та година се вратила во Лондон.
Им се придружила на група научници од Кингс Колеџ, кои се занимавале со истражување на големите молекули.
– Мојата сестра дојде на Кингс Колеџот поради своите способности во користењето на рендгенската кристалографија, како и интелегенција во интерперетирање на резултатите. Двете години кои ги помина таму во научна смисла беа мошне успешни, но на личен план беше мошне несреќна- се присеќава Џенифер Глин на времето кога Росалинд Франклин ги започнала кристалографските истражувања на молекулата ДНК.
Како асистент ñ бил доделен Морис Вилкинс, но него таквата поделба не му се допаѓала, бидејќи тој сакал да биде шеф, а Росалинд асистентка. Наместо да блиско соработуваат, Вилкинс и Франклин работеле секој за себе. Исто така во 1951-та година, кон истражувањето се придружил тогаш 23-годишниот американски генијалец Џејмс Ватсон и 37-годишниот британски физичар Францис Крик.
Розалинд Френклин, која имала клучна улога во откривањето на структурата на ДНА во 1953 година, починала од рак на јајникот во 1958 година, четири години пред Франсис Крик, Џејмс Д.Вотсон и Морис Вилкинс (кој првин бил асистент на Франклин) да бидат наградени со Нобеловата наградаа за медицина или физиологија во 1962 година. Значајниот и релевантен придонес на Френклин бил само накратко спомнат во денес познатиот документ на Крик и Вотсон.
Извор: Јutarnji list