Приведени крадци, одземеното вратено на сопственикот

Од:

Двајца скопјани се приведени со што е расчистена „кражба“ извршена во декември минатата година на подрачјето на Гази Баба, информира МВР.

– На 13.01.2022 во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба се приведени Џ.Д.(20) и Е.Д.(22), двајцата од Скопје, со што е расчистено кривично дело „кражба“, извршено на 28.12.2021 во 01.20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба. Притоа, било утврдено дека кривичното дело го извршила Џ.Д., додека Е.Д. ѝ помогнал во извршувањето, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Одземеното е пронајдено кај приведените и вратено на сопственикот.

Во координација со Јавен обвинител по комплетно документирање на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски