Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 20 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, 64 за непрописно паркирање, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.