Според резултатите од едно истражување, храната со висок гликемиски индекс, како на пример белиот леб, оризот, корнфлексот, бонбоните и слично, може да создадат зависност.
Во истражувањето учествувале 12 испитаници со зголемена телесна тежина, на кои им се дадени фрапеа од млеко, од кои еден дел од фрапеата содржеле нискогликемиски јаглехидрати, додека другиот содржел високогликемиски јаглехидрати.
Испитаниците биле подложни на функционална магнетна резонанца, со која се следела мозочната активност четири часа по конзумирањето на фрапеата.
Резултатите покажале дека лицата кои конзумирале високогликемиски јаглехидрати имале поинтензивно активирање на региите во мозокот и тоа оние кои се поврзуваат и со зависноста од дрога.
Притоа, испитаниците чувствуваат зголемена глад и потреба за внесување на храна.
Резултатите од истражувањето би требало да помогнат во развој на стратегија против дебелеење, која ќе вклучува намалување на производи со висок гликемиски индекс.