Приведени две лица кои предизвикале пожар на автомобил на кумановец

Од:

Полицијата уапси две лица кои предизвикале пожар на возило на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 17:05 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода дваесет и седумгодишниот Б.Ш. и триесет и тригодишниот Ш. И, двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 8 декември лани на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ предизвикале пожар во патничко возило „фиат деа“, сопственост на С.К. од Куманово, соопшти СВР Куманово.

Тие биле приведени и задржани во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР