Санкционирани 112 возачи за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, за брзо возење биле санкционирани 112 возачи. Од нив две возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 54 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 58 надвор од населено место, велат од полицијата.

Од МВР потенцираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози