Во Србија рекордни 13.693 новозаразени

Од:

Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа се регистрирани нови 13.693 нови случаи на коронавирус, а починале 22 лица.

Според последните податоци, 86 пациенти се на респиратор.

Мирсад Ѓерлек посочува дека состојбата во ковид системот е многу посериозна од пред две до три недели и дека има два параметри кои загрижуваат.

„Тоа е бројот на лица на респиратори и бројот на луѓе кои ги загубија животите. Ова не се алармантни податоци, но секако се загрижувачки“, рече државниот секретар во Министерството за здравство.

Потенцира дека притисокот врз здравствениот систем е голем и дека од ковид амбулантите се преселил во ковид клиниките, каде се води тешка и сериозна борба против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници