Ваид В. (18) загина утрово од здобиените тешки телесни повреди во сообраќајката што се случи на крстосницата меѓу магистралниот пат и улицата „Борис Кидрич“ кај Кичево.
Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу 5 часот меѓу патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од З.А. (19) од село Трн Дол и цистерна „мерцедес“ управувано од Ј.Ш. (46) од Кичево. Во незгодата настрадал сопатникот на З.А., Ваид В., кој поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен центар Скопје каде им подлегнал на повредите.
Повредени се и З.А., како и другите негови сопатници Л.З.(18) и Ш.И.(18) на кои им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево.