Загина моторциклист во сообраќајка на магистралниот пат Ново Село – Струмица

Од:

Ристо Н. од струмичкото село Сушица го загуби животот во сообрќајката што се случи на магистралниот пат Ново Село – Струмица, пред ДПТУ АД „Локус“.

Како што соопшти полицијата, незгодата настанала вчера напладне при судир на товарно моторно возило „МАН“ со струмички регистерски ознаки, сопственост на „Агро-Трендо“ ДПТУ ДООЕЛ, кое го управувал К.Т.(1981) од село Иловица и моторцикл „Јамаха“ без регистарски таблички што го возел Ристо Н. Од здобиените повреди, Ристо починал на самото место.

Увид извршиле истражен судија, Јавно обвинителство и екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Сопатник на мотор по улица влечеше 12-годишно дете

Горан Наумовски

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ