ВИДЕО: Жерновски додели решенија за легализација на дивоградби

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска додели 26 решенија за легализација на дивоградби.

Ова, рече Жерновски е значаен ден, бидејќи го реализираме она што го ветивме, а тоа е побрзо и поефикасно работење, како што бараат граѓаните.

„Може со задоволство да кажеме дека во периодот од како сум градоначалник доделени се 219 решенија, или во просек месечно се издадени 73 решенија. Иако денеска не треба политика, сепак да кажам дека и покрај сите инспекции и притисоци го надминавме, речиси двојно, просекот на издавање на решенија од претходникот од 41 решение“.

Вети дека ќе се продолжи со засилен интензитет за да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, одделението затоа и се зајакнува, за да може со темпо од 100 предмети месечно, во законски предвидениот рок да ја завршиме постапката.

andrej-divogradbi andrej-divogradbi (1) andrej-divogradbi (2) andrej-divogradbi (3) andrej-divogradbi (4) andrej-divogradbi (5)

 

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории