Омикрон доминира во земјава, раст на бројот на ренифекции

Од:

Кај 68 проценти од испитаните примоероци регистран е оикрон сојот коронавирус, а во период од една седмица за 51%, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 информира Министерството за здравство.

Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), 20-29(24%) и 40-49(17%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2%). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години. Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05- 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив(68%) е детектирана Омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пацинети, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември.

Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица. Зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти.

Според епидемилошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се излоираат како би спречиле ширење на вирусот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски