Јанкулоска: Проблемот со мигрантите бара заеднички пристап со соседните земји

Од:

Проблемот за илегалните мигранти не може да се реши со неколку акции, туку само со систематски пристап, координирана акција и заеднички настап со соседните држави особено со оние од каде доаѓаат ваквите илегални мигранти, а со цел да се стави крај појавата Македонија да биде на патеката која ја користат за да стигнат до западноевропските земји,  рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со акцијата во Лојане.

Таа потврди дека голем е проблемот со кој се соочуваме и оти е најизразен во пограничните реони во северната граница, посебно во селото Лојане каде што во повеќе наврати се откриени илегални мигранти кои  престојуваат со цел продолжување на нивното патување кон западно европските земји.

Јанкулоска информира дека МВР во повеќе  наврати спроведе координирани акции при што е откриена голема бројка мигранти, оти таквите акции ќе продолжат во континуитет и дека веќе се поднесени кривични пријави за организаторите на групите.

Посочи дека нивото на соработка со јужниот сосед, кај кого нема еднаква посветеност  за обезбедување на границата, ги зголемува напорите на Македонија и потребата од ангажирање ресурси за да се постигне ефектот да се стави крај на појавата земјата да се користи како патека за мигрантите да стигнат кон западноевропските држави.

– Нивото на соработка не е на посакуваното ниво, ниту на нивото на кое е со другите соседни држави, истакна Јанкулоска.

Додаде дека ќе бидат искористени сите ресурси кои им стојат на располагање да се спречат овие канали и потенцира дека  најжестоко ќе реагираат кон оние што се јавуваат како организатори на овие групи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски подготвува избори за да го протне проектот „Мигранти за пари“

(ВИДЕО) Арсовска објави видео од британска телевизија : Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан

Горан Наумовски

Мицкоски: Ако Филипче најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Резолуција во Собранието за да се запрат мигранитие, ако не помине ќе одиме на протест – најави Филипче

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР