Бугарскиот премиер Пламен Орешарски ги повика демонстрантите да избегнуваат секаков вид на насилство, ден по блокадата на зградата на парламентот во Софија.
– Ги повикувам граѓаните кои што протестираат во име на демократските вредности, повеќе да не дозволуваат провокации и да направат разлика помеѓу слободата и обидот да се наруши јавниот ред, се наведува во неговата изјава.
Протестите во Бугарија започнаа по поставување на контроверзниот медиумски магнат, Делјан Пеевски за шеф на Агенцијата за национална безбедност.
Елена Георгиевска