Новак Ѓоковиќ веќе го одработи првиот тренинг на терените каде што се од 17. месецов ќе се одржи Австралија Опен, грен-слем турнирот на кој веќе има освоено девет титули.
Тој објави фотографија и напиша кратка порака.
„Задоволен сум и благодарен што судијата ја преиначи одлуката за поништување на визата. И покрај се што се случи, сакам да останам и да играм“ – вели Ѓоковиќ во пораката.
I’m pleased and grateful that the Judge overturned my visa cancellation. Despite all that has happened,I want to stay and try to compete @AustralianOpen
I remain focused on that. I flew here to play at one of the most important events we have in front of the amazing fans. ? pic.twitter.com/iJVbMfQ037— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 10, 2022
Иако беше најавено, Ѓоковиќ не се вклучи на прес конференцијта што ја организираше неговто семејство во Белград.
Откако судијата ја отфрли одлуката за укинување на визата, министерот за имиграции на Австралија имаше четири часа да донесе одука за евентуалан депортација. Сепак такво нешто не се случи и Ѓоковиќ е ослободен. Австралиските власти сепак предупредуваат дека имаат право на повторно укинување на визата во следните денови.