ВИДЕО: Ѓоковиќ ја доби битка во судот, поништена одлуката за укинување на визата

Од:

Судот во Мелбрун донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослобоен. Судијата кој го водеше процесот реши дека начинот на кој граничните власти му ја укинале визата бил неразумен.

Судијата одлучи дека Ѓоковиќ има право на виза и објави дека треба да биде ослободен веднаш. Австралиската влада треба да ги плати и правните трошоци.

Судењето на кое адвокатскиот тим на Ѓоковиќ се бореше против укинувањето на визата траеше неколку часа. Прво случајот го образлагаше одбранта, а потоа и адвокатот на австралиските власти.

Ѓоковиќ во Австралија влезе невакциниран со потврда за медицински исклучок бидејќи прележал ковид во декември. Австралиските власти му ја укинаа визата при влезот во државата со образложение дека не приложил доволно докажи за медицинскиот исклучок.

Битката на Ѓоковиќ со австралиските власти овде не е завршена. Владиниот советник Кристофер Тран го извести судот дека министерот за имиграција, државјанство, услуги за мигранти и мултикултурни прашања – а не министерот кој ја укинал првичната виза – сега ќе разгледа дали да го искористи личното овластување за укинување на визата на Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Ѓоковиќ е поразен во егзибицискиот меч во Софија од Григор Димитров

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров