Бебето кое беше најдено во картонска кутија на улицата во североисточниод дел на Бразил го доби името по папата Франциско, во чест на неговата посета на земјата.
Бебето било најдено од жителите на градот Салвадор, кои го однеле новороденчето во локалната болница на лекарски преглед и ја информирале полицијата.
Полицијата на бебето му дале име Франциско, во чест на поглаварот на Римокатоличката црква, кој во моментот е во посета на Бразил.
Папата седумдневната посета на Бразил ја почна во понеделникот, каде ќе присуствува и на Фестивалот на католичката младина.