Жерновски: Ниту сум рекол, ниту сум изјавил, ниту имам намера да ја уривам Порта Македонија

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, најенергично ги демантира написите во некои медиуми кои го пренесуваат текстот на Фајненшл Тајмс, во кој е објавено дека Жерновски планира да ја урне Порта Македонија.

Градоначалникот на Центар демантира дека изјавил дека ќе ја отстрани Порта Македонија.

„Во ниту една пригода, во изјава или настап немам споменато уривање на кој и да е споменик, па ниту на Порта Македонија. Точно е дека за иднината на спомениците и за нивната локација ќе ги прашаме граѓаните, истите оние граѓани што претходното раководство не ги праша, дали сакаат толку пари да бидат потрошени за скапите споменици и фонтани од проектот Скопје 2014“, вели градоначалникот Андреј Жерновски.

Жерновски нагласува дека нема да запира нешто е преземено како обврска и започнато. Зборот „уривање“ кој се обидуваат да ми го припишат јас никогаш го немам употребно ниту во предизборието, ниту сега како Градоначалник.

Жерновски посочува дека грешка на Владата е што продолжи да го гради проектот, бидејќи граѓаните кои треба да го плаќаат овој проект на последните избори кажаа дека „Скопје 2014“ не е проект кој им е приоритет и е премногу скап.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории