Шведската престолонаследничка Викторија, која имаше Ковид-19 во март минатата година, повторно е позитивна на вирусот, објави кралската палата.
Според соопштението, престолонаследничката која била целосно вакцинирана има симптоми на настинка, но инаку се чувствува добро.
Се додава дека таа е изолирана дома, како и нејзиното семејство.
Ова е втор пат за помалку од една година 45-годишната принцеза Викторија да биде позитивна на Ковид 19.
Во март 2021 година, нејзиниот сопруг принцот Даниел исто така беше позитивен на тестот.
Нејзините родители, кралот Карл Густав XVI (75) и кралицата Силвија (78), кои примиле три дози од вакцината, во понеделникот биле позитивни на вирусот.
Според Националната здравствена агенција, Шведска регистрирала 23.877 нови случаи на инфекција на 5 јануари, што е двојно повеќе од врвот во декември 2020 година.
Во петокот, Шведска, земја со 10,4 милиони жители, забележа вкупно 1.416.650 потврдени случаи на инфекции со Ковид-19 и 15.377 смртни случаи.