Педесетина приведени во Тетово и Гостивар за нелегален престој во Македонија

Од:

Во акциска контрола на СВР Тетово, рано изутрината биле приведени 51 албански државјанин за кои е утврдено дека во Македонија престојувале нелегално.

Во контролата спроведена на 10-ина различни локации во Тетово и Гостивар биле откриени 32 во Тетовско и 19 во Гостиварско. Албанските државјани, од кои повеќето се од градовите Кукс, Либрешт и Пешкопеа, се на возраст од 17 до 57 години. Поголемиот дел од нив извршувале градежни, полски и други физички работи, но го немале регулирано престојот во земјава.

Од СВР Тетово информираат дека против нив ќе бидат поведени прекршочни постапки и ќе бидат депортирани во матичната земја.

Во контрола на полицијата во две пекарници во Тетовско, пак, биле затекнати четири лица од Косово за кои било утврдено дека работат „на црно“, по што биле депортирани. Вчера, исто така, во Гостивар биле затекнати и две албански државјанки кои по поведените постапки биле депортирани во матичната земја.

Во изминатава половина година во шест контролни акции во Тетовско и Гостиварско полицијата открила 98 странски државјани со нерегулиран статус кои се депортирани во матичните земји.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ