Пред Архиепископскиот соборен храм, денеска напладне ќе му биде доделена „Цветиновата награда за мир“, на универзитетскиот проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон – теолог, библист и филолог, редовен професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, поранешен декан и секретар на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква.
Ратомир Грозданоски е автор на повеќе од 20 книги и над 300 текстови, од кои 200 се стручни, а 100 научни трудови. Неговите книжевни, стручни и научни дела значат многу за новата литература во Македонија и претставуваат голем придонес во развојот на библиската мисла кај нас, искажана на убав македонски јазик, во духот на свети Климент Охридски и Охридската книжевна школа.
Наградата ќе му ја врачи сликарот и хуманист Живко Поповски – Цветин.