(ВИДЕО) Коциќ: Пет отсто повисоки плати за сите вработени во здравството

Од:

„Пандемијата со коронавирусот покажа дека инвестциите во јавното здравство се инвестции во здравјето и иднината на нашата држава. Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани“, рече Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

„Платите на сите вработени во здравството се зголемуваат за пет отсто, почнувајќи веќе од овој месец. За оваа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година.

За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, додека на здравствените соработници за 15 отсто.

Го корегиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар.

Освен во човечкиот капитал, сериозно се инвестира и во опремувње и реновирање на здравствените установи.

За првпат охридскиот регион добива апарат за магнетна резонанца кој е поставен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија ,,Св. Еразмо” во Охрид.

Апарат за магнетна резонанца се постави и во Струмица, како и во Институтот за радиологија во Скопје, а Општата болница во Кичево доби апарат за компјутерска томографија

Целосно се реновирани 1.300 квадратни мерти од Клиниката за ортопедија во Скопје, реновиран и опремен е Ургентниот центар во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, како и одделот за нефрологија на Клиниката за детски болести.

Сето ова е релизирано во само еден месец, што само ја покажува заложбата на Владата предводена од СДСМ за унапредување на условите за работа на здравствените работници.

Затоа продолжуваме со реализација на мерки и проекти кои обезбедуваат грижа за здравствените работници и унапредување на квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани“, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар