Во Грција запленети над половина тон кокаин

Од:

Грчката полиција откри и заплени повеќе од половина тон кокаин. Дрогата била скриена во товар со банани од Јужна Америка.

Полицијата се уште истражува кој требало да го преземе кокаинот во Грција и дали бил наменет за други земји во Европската унија.

Кокаинот бил откриен откако трговоец од островот Родос во товарот со банани открил околу 280 килограми кокаин и ја известил полицијата. По истрагата во магацините на фирмата, која ги увезла бананите од Јужна Америка, откриени се уште 240 килограми кокаин.

Истрагата покажала дека дрогата била натоварена во Колумбија, потоа ја поминала италијанската царина од каде со камиони тргнала за Грција.

Грчката полиција испитува дали кокаинот бил наменет за Италија, но по некоја случајност пристигнал во Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит