Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска во Скопје почнува Четвртата годишна Глобална конференција.
Во работниот дел на конференцијата, кој ќе трае до сабота, 27-ми јули ќе учествуваат 40-тина експерти од 12 држави во повеќе тематски блокови.
Одржувањето на конферецијата се совпаѓа со стогодишнината од завршувањето на Блаканските војни и од потпишувањето на Букурешкиот договор. Трудовите и дебатата во академскиот дел од конференцијата ќе се фокусираат на изминатите 100 години од македонската историја, но и на насоките и идеите за иден развој и добробит на македонскиот народ и можниот придонес на македонската дијаспора во него.
Ова е прва Глобална конференција на ОМД, која се одржува во Македонија. ОМД се смета за водечка меѓународна НВО која ги застапува интересите и потребите на Македонците кои живеат надвор од Македонија ширум светот, а придонесува и кон остварувањето на стартешките цели на Македонија. Седиштето на организацијата е во Вашингтон, САД, а има свои ограноци во Европа, Канада и Австралија.