Раководството на француското разузнавањето пред Парламентот тврдеше дека Генералната дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) не ги следи сите комуникации во Франција.
Генералниот директор на ДГСЕ, Бернар Бажоле и националниот координатор на разузнавањето Ален Забјулон тврдеа дека се почитува законот за Дирекцијата, како и внатрешниоте процедури за контрола.
На 4. јули „Монд“ објави дека ДГСЕ со години ги следи сите комуникации во Франција.
Весникот истакна дека Франција има систем за незаконско прислушување сличен на системот на американската Национална безбедносна агенциа (НСА). Од канцеларијата на премиерот тогаш беа демантирани таквите тврдења.