150 години од раѓањето на Густав Климт

Од:

Денес се слави 150 години од раѓањето на австрискиот сликар Густав Климт, роден на 14. jули 1862 година во Баумгартен, (Виена). Потекнува од сиромашно семејство, но благодарение на националната стипендија успева да се стекне со соодветно образование.

Својата професионална кариера ја започнал со скандал сликајќи три голи жени во 1893-та година на Големата сала на Виенскиот универзитет.

Неговите слики се познат низ целиот свет и се едни од најскапите и најкопираните дела покрај тие на Да Винчи и Микеланџело, иако значителното присуство на златно – жолтата боја во некои од нив многумина го сметаат за кич.

Целокупното сликарство му е исполнето со претстави за еротска желба, страст, порнографија, но и пополнување на големото платно со многуброни сложени украси.

 

Неговата најпозната сликата е „Бакнеж“ која е копирана илјадници пати, не не само во репродукции на слики, туку и на филџани, кравати, кеси за шопинг и многу други предмети за секојдневна употреба.

Во 1907 година ја создал „Портретот на Адел-Блох Бауер I“, ќерка на виенски банкар, слика кога еден век подоцна е продадена за 135 милиони долари на американски бизнисмен.

Љубителите на уметноста можат да ги видат повеќето од неговите дела само во репродукции, оригиналите беа уништени во Втората светска војна.

Најпознатиот интернет пребарувач „Гугл“ го промени денеска своето лого во чест на 150 години од раѓањето на Густав, познат легендарнен сликар, но и женкар кој никогаш не се оженил.

Починал од мозочен удар на 6. Февруари 1918 г., на возраст од 55 години.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска