Недостатокот на сон е штетен за кожата

Од:

Истражувањето спроведено во САД покажува дека недостатокот на сон резултира со забрзување на процесот на стареење на кожата. 


Во истражувањето учествувале 60 испитаници на возраст меѓу 30 и 49 години.


За да го утврдат нивото на стареење на кожата истражувачите користеле систем наречен Скинекс, кој се заснова на податоци за постоењето на брчки и нееднаква пигментација и намалена еластичност на кожата.


Просечно кај жените кои спиеле доволно, овој индекс изнесувал 2,2, а кај нивните врснички чиј сон главно бил прекраток индексот бил двојно полош и изнесувал 4,4.


Исто така се покажало дека недостатокот на сон го забавува заздравувањето на изгореници настанати од изложување на сонце, како и други оштетувања на кожата.


Научниците објаснуваат дека недоволното траење на сонот може да го наруши нормалното производство на мелатонин, природен антиоксиданс кој е најважен за здравјето на кожата.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска