Блинкен и Баербок со предупредување за Москва во однос на Украина

Од:

Вашингтон и Берлин имаат обединет фронт за поддршка на Украина, изјавија официјални лица од двете земји за време на посетата на германскиот министер за надворешни работи поради стравувањата дека Русија може да ја нападне Украина.

„Руските акции доаѓаат со јасна цена“, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок за време на нејзината прва посета на Вашингтон по преземањето на функцијата. Обновеното кршење на украинскиот суверенитет би имало „тешки последици“ за Русија, нагласи таа.

„Русија и Германија и САД гледаат на дејствијата на Русија кон Украина како непосреден и итен предизвик за мирот и стабилноста во Европа“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен и се закани на Русија со остри економски санкции во случај на воена ескалација. Тој додаде дека ова не зборуваат само Берлин и Вашингтон, туку „колективната позиција на многу земји, сојузници и партнери “.

Би можело да ве интересира

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Зеленски: Русија краде кинеска технологија за смртоносни дронови

Захарова ја обвини Германија за русофобија

ISW: Русија е спремна да започне нова агресија

Кримските Татари тврдат: Ќе се спротивставиме на меѓународното признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Руски дрон погоди автобус во Украина, најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени