Анкета: Повеќе од половина од Американците веруваат дека упадот во Конгресот најверојатно ќе се повтори

Од:

Повеќе од половина од Американците (или 57 отсто) веруваат дека 6 јануари најверојатно ќе се повтори во наредните години, според анкетата спроведена од Axios и Momentive објавена денеска. Анкетата е насочена на упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година од страна на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Според истото истражување, само мало мнозинство од 55 отсто од анкетираните Американци се согласуваат дека Џо Бајден легитимно победил на претседателските избори во 2020 година, што е помалку од 58 отсто од анкетираните пред една година.

Речиси две третини (63 отсто) велат дека настаните од 6 јануари ги промениле, „барем привремено“, ставовите на Американците кон демократската влада во САД. Покрај тоа, 53 отсто од Американците се со став дека тие поделби се полоши од порано и веројатно ќе продолжат.

„Денес Америка е поподелена од кога било“, се вели во анкетата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија