Повеќе од 500 цивили, меѓу кои 130 жени и постари лица, беа повредени за време на немирите во Алмати, а пожар ја зафати и резиденцијата на казахстанскиот претседател и седиштето на градоначалникот во тој казахстански град.
„Градот денеска повторно беше нападнат од екстремисти. Се преземаат неопходни мерки за заштита на животот и безбедноста на граѓаните. Ги повикуваме оние што излегоа на улиците да се разотидат“, изјави шефот на полициската управа во Алмати, Канат Тимерденов.
Според него, во протестите изгореле 120 возила, од кои 33 амбулантни и пожарникарскии, 120 продавници и трговски објекти, 180 угостителски објекти, а оштетени се околу 100 канцеларии.
И покрај прогласената вонредна состојба во Алмати синоќа, голем број демонстранти се уште се на улиците.