Ќе има ли нови споменици – Не е надлежност на Град Скопје

Од:

Денеска градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ги продолжи редовните состаноци со скопските општини. Два пати годишно Трајановски заедно со раководните лица на јавните претпријатија, општинската администрација и месните заедници ги ставаат на проверка соработката и односите со општините во градот Скопје.

Како што изјави градоначалникот Коце Трајановски како приоритет по овие средби се зема реализација се’ она што е значајно и е во интерес на граѓаните. Благодарение на ваквите средби, рече Трајановски, реализирани се многу проекти.

Трајановски ги посочи реконструкциите на неколку булевари во Општина Центар и нагласи дека од ова имаат полза сите граѓани и затоа ќе се продолжи со активностите во Општина Центар. Трајановски најави дека до крајот на годинава ќе почне реализацијата на значајната подземна сообраќајница од владата на Република Македонија до комплексот банки.

„Ова не е во надлежност на Град Скопје“, вака градоначалникот Трајановски одговори на новинарско прашање во врска со претходната изјава на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски дека веќе нема да се поставуваат споменици на територијата на општина Центар. За него одлуката одржувањето и чувањето на спомениците од проектот Скопје 2014 да се префрли на Град Скопје не е политичка одлука, напротив рече дека се работи за добра и природна одлука градот да ги одржува спомениците. Трајановски одговорајќи на новинарско прашање изјави дека нема специјални инспекции пратени во Центар и како што рече – се работи согласно законските прописи.

Новинарите забележаа дека Трајановски и Жерновски, за разлика од претходните средби на градоначалникот со другите градски општини, дадоа не заеднички туку поединечни изјави.

“Дојдовме подоцна на оваа средба поради разговорите со претставниците на урбаните заедници и за да не ве задржуваме дадовме поединечни изјави. Во ова нема никаква скриена намера“, изјави Трајановски.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории