СДСМ: Кој и по кој основ му платил на Георгиевски за озвучувањето за новогодишната ноќ, Арсовска должи одговори

Од:

„Со оглед на тоа дека Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучувње на новогодишната прослава на плоштадот, редно време е Данела да излезе пред граѓаните и да даде конкретни одговори за тоа кој му платил на Георгиевски и по кој основ на неговата фирма биле исплатени 14.000 евра“, соопшти СДСМ.

„Во официјалното соопштение од Град Скопје се вели дека парите се платени директно на изведувачите и дека изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот.

Логично се поставуваат прашањата како е можно друго правно лице да организира дочек на Нова година во име на Град Скопје и по кој основ и кој може во име на градот да плаќа кон фирми кои биле ангажирани за прославата.

Ова е нов скандал за Данела Арсовска за кој постои основано сомневање за корупција, особено ако ангажманот на Георгиевски бил договорен претходно.

На целата македонска јавност деновиве и стана јасно дека коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ функционира и на локално ниво и освен што е деструктивна, прераснува и во кеш коалиција меѓу двете партии.

Арсовска да излезе пред јавноста и да ги даде сите одговори, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат што се случува во градот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он