Братанското кралство издвои 11.000 евра за породувањето

Од:

Болничката сметка за породувањето на војводката од Кембриџ, Кејт Мидлтон во екскузивениот дел на болницата, „Света Марија“ во Лондон, изнесува 11.300 евра.

Доколку породувањето се случеше во Америка сметката би била двојно повисока односно 22.600 евра.

Новинарката, Елизабет Розентал за „Тајмс“ напиша статија во која што детално ги опиша високите сметки за породување во САД и направи споредба со другите држави.

-Просечна цена за контрола на бременоста и бебето во САД е околу 22.600 евра за породување по природен пат или 37.500 евра за породување со царски рез, пишува во статијата на Розентал.

Меѓутоа, дури и кога ќе се направи споредба на цифрите кои се однесуваат исклучиво на породувањето, САД и понатаму е најскапото место на светот за тој чин.

За споредба породувањето во Аргентина чини 900 евра, Јужна Африка 1.500 евра, Шпанија 1.700 евра, Франција 2.600 евра, Швајцарија 3.000 евра и во Австралија 5.200 евра. Цената само за породување во САД е 12.500 евра.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство