Новиот британски принц се уште нема име

Од:

Новиот британски престолонаследник, синот на принцот Вилијам и на неговата сопруга, војвотката Кетрин „Кејт“ Мидлтон, се уште нема име, потврди среќниот татко во куса изјава пред лондонската болница „Сент Мери“.


На репортерите на Би-Би-Си, Вилијам им порача дека се уште не се одлучиле за името на бебето. – Чекајте, па ќе дознаете, изјави принцот Вилијам, низ насмевка со бебето во неговите раце.


Два дена старото бебе не е обично новороденче, затоа што тоа со своето раѓање веднаш стана третиот по ред претендент на британскиот престол, по неговиот дедо, престолонаследникот Чарлс и таткото, принцот Вилијам. Затоа иако нема име, веќе му е определена официјалната титула.


Синот на војводата и на војводката од Кембриџ, стана  „неговото кралско височество, принцот (па следи името што ќе се избере) од Кембриџ“.


Кај британските обложувалници, најголем фаворит за име е Џорџ. Тоа е име на неколку англиски и британски кралеви, како и на дедото и таткото на кралицата Елизабета. Нејзиниот дедо, Џорџ Пети, последниот крал на Велика Британија и Ирска, ја водеше својата земја во Првата светска војна, додека таткото на сегашната кралица, кралот Џорџ Шести, беше на престолот во текот на Вторатата светска војна.


Светецот, Сент Џорџ (Свети Ѓорѓи) е светец-заштитник на Англија, на Англичаните и на англиското знаме, па разбирливо е што името Џорџ, за новорденото кралско бебе, е фаворит во домашната јавност.


Покрај ова машко име, меѓу најпопуларните се и Џејмс, име кое го носеле повеќе кралеви во британската историја, како и Александар, Алберт и Алфред.


Определувањето има за бебето може да се оддолжи. Во 1982 година, за името Вилијам, синот на принцот Чарлс и принцезата Дијана, се чекаше седум дена, додека во 1948 година за името на првиот син на кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип, сегашниот престолонаследник Чарлс, се чекаше еден месец.


Младите родители, Вилијам и Кејт, со свето бебе синоќа заминаа од болницата каде мајката се породи, за својот дом во лондонската Кенсингтонска Палата, бурно поздравени од насобраните луѓе и од репортерските екипи кои со часови чекаа, за прв пат да го видат бебето кое ќе биде крал.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство