НАТО свика вонредно онлајн заседание на министрите за надворешни работи од пактот

Од:

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе oдржат вонредна седница на 7 јануари, соопшти денеска алијансата. Средбата ќе биде онлајн и се очекува да трае околу два часа, се вели во соопштението. Учесниците ќе разговараат за трупањето воени сили од страна на Русија долж границата со Украина. Во разговорот ќе бидат опфатени и други прашања поврзани со европската безбедност.

За следната недела е закажан состанок на Советот НАТО-Русија, првпат по неколку години откако состаноците во тој формат беа прекинати. Претстојниот состанок на министрите за надворешни работи е прв во новата година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина