Заштитете ја главата, спречете сончаница!

Од:

Во летните месеци кога често се изложуваме на сонце, сончаницата е многу честа. Според лекарите, загревањето на тилот може да доведе до низа пореметувања, кои ја карактеризираат сончаницата.


Ако предолго ја изложуваме незаштитената глава на сонце, доаѓа до пореметување на терморегулацијата во целиот организам, а особено до прегревање на главата. Поради тоа се развива едем на мозокот, што може да биде многу опасно, па дури може да доведе и до коматозна состојба доколку на време не ги препознаеме првите симптоми, велат лекарите.


Според неа, организмот е во состојба на дехидрација, што може да се препознае по сувата кожа. Таа додава дека некои од симптомите се сончаница и забрзан пулс и плитко дишење.


Ако кај некого ги препознаеме првите симптоми, треба веднаш лицето да го сместиме во ладовина и да го разладуваме. Обично доаѓа до пораст на телесната температура, па со самото тоа можеме со вода и студени облоги да го разладуваме тилот и челото додека температурата не се врати во нормала.


Кога станува збор за децата, симптомите на сончаница можат да се развијат значително побрзо отколку кај возрасните. Поради тоа секогаш главата треба да им биде заштитена со шешир или капа, да пијат доста течности и што помалку да бидат изложени на сончевите зраци.


Ако дојде до развој на сончаница кај децата, детето задолжително треба да се одведе на лекар, додека губењето на свеста е индикација за болничко лекување и кај децата и кај возрасните.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска