Расте бројот на новозаразени со коронавирус во Австралија

Од:

Се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот во Австралија, со што се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центри за тестирање.

Во најнаселената сојузна држава на континентот, Нов Јужен Велс, регистрирани се 23.131 нови случаи.

Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата година, кога 22.577 лица биле позитивни на тестот.

Моментално во болница се сместени 1.344 лица.

Во сојузната држава Викторија денеска се регистрирани 14.020 нови случаи на заразени, а вчера имало 8.577.

Официјалните лица ги повикаа луѓето да не одат во болници освен ако не е неопходно, за да се намали притисокот врз здравствениот систем.

Некои центри за тестирање денеска мораа да бидат затворени поради недостиг на персонал и голем број тестови кои пристигнуваат за обработка во лаборатории.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он