Италијанскиот парламент денеска и изгласа доверба на Владата на премиерот Енрико Лета.
Во Долниот дом на Парламентот 427 пратеници се изјаснија „за“ доверба на Владата, а 167 „против“. По ова, гласање за доверба на Кабиентот на Лета треба да се спроведе и во Сенатот.
Денешното гласање за доверба на Владта беше иницирано со цел да се забрза усвојување на Предлог-законот за финансисрање на јавните работи и намалување на бирократијата.
Гласањето беше организирано за да заврши расправата за 800 предложени амандмани на Предлог-законот. Таквите гласања за доверба често се користат за забрзување на процесот на усвојување на закони во италијанскиот Парламент.